дома Македонија (Видео)СЈО ПОВЕЌЕ HE ПOCTOИ: Hитy еден oбвинитeл од СЈО пoвeќe нe смее...

(Видео)СЈО ПОВЕЌЕ HE ПOCTOИ: Hитy еден oбвинитeл од СЈО пoвeќe нe смее да ги зacтапyва предметите на cyд поради пpитвopoт на Јанева

Специјалното јавно обвинителство, во формално-правна смисла не постои од моментот кога специјалната јавна обвинителка си поднесе оставка, односно беше притворена поради основано сомнение дека била дел од организирана криминална група која вршела рекет, злоупотребувајќи ги прислушкуваните материјали доставени од Зоран Заев до СЈО

 

 

– Обвинителите кои работат во СЈО не би можеле да застапуваат, меѓутоа останатиот кадар што е таму не е врзан со мандатот на специјалната јавна обвинителка. Значи таму имаме и истражители имаме и останат административен кадар кој би можел и понатаму да функционира и работи. Меѓутоа она што е најбитното, впрочем, овластувањата на сите тие луѓе во таа зграда админстративно го црпат од замениците на специјалната јавна обвинителка, а откако ќе заврши мандатот на овие заменици нејзини на 15-ти не би можело ништо да се направи, објаснува Натали Петровска.

Според став 4 од членот 9 од Законот за специјалното јавно обвинителство, замениците на специјалната јавна обвинителка не можат да имаат подолг мандат од раководителот на СЈО, во случајот Катица Јанева. Според Натали Петровска, извршен директор на „Сите за правично судење“, кога го нема специјалниот јавен обвинител го нема ниту СЈО.

– Тие овластувањата што ги имаат, ги имаат врз основа на поставениот специјален јавен обвинител. Тие можат да застапуваат во негово име во суд, меѓутоа без постоење на челникот на таа институција… – констатира Петровска.