дома Актуелно (Видео)ТАЛАТ ЏАФЕРИ НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО: Терорист кој го...

(Видео)ТАЛАТ ЏАФЕРИ НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО: Терорист кој го организирал крвавиот масакар кај Вејце и повеќекратен осуденик!

Талат Џафери во никој случај не смее да биде Претседател на Собранието на Р.Македонија поради неговата замешаност во масакрот кај Вејце, изјави Јанко Бачев, екс-агент на ДБК во емисијата „Во Центар

 

Според Бачев, Талат Џафери не само што е вмешан, туку се смета и за координатор на најбруталниот масакар во поновата Македонска историја во која загинаа осумина Македонски бранители.

– Постојат оперативни документи во ДБК при МВР, од кои се гледа неговата замешаност, односно во тоа време се фатени некои сигнали од управата за оперативна техника во ДБК во кои се слуша и неговиот глас – тврди Бачев.

https://www.youtube.com/watch?v=FPOQ2VgA7RY&feature=youtu.be

Тој ги повика пратениците од СДСМ кои го предложиле Џафери, со цел да не се срамат од нивните поколенија во иднина.

Ефтов пак, приложи и докази од богатата „кариера“ на Талат Џафери кој бил вмешан не само во терористички акции познат како „Командант Форина“ во УЧК, туку тепал и спречувал полицајци да ја извршуваат својата работа.

Освен ова, Талат бил осуден и на условна казна, а по бегството во Косово, бил уапсен на граничниот премин и ставен во притвор, но подоцна е ослободен поради пратеничкиот имунитет.