На автопатот кој ги поврзува градовите Керч и Севастопољ на Крим снимен е воен конвој во кој се наоѓаат крајбрежни ракетни комплекси „Бал“, пренесува руската телевизија „Ѕвезда“
На снимката на агенцијата „Раптли“ се гледа колона воени возила, обезбедувани од полицијата, како се движат од Керч кон Севастопољ.
Засега по ова рашање се уште никој од руските претставници не се огласил.
„Бал“ е крајбрежен ракетен комплекс вооружен со противбродска ракета Х-35. Развиен во 2004. година, а во арсеналот на руската војска се наоѓа од 2008. година.