дома Европа (Видео)ТЕНЗИЧНО ВО КАТАЛОНИЈА: Сепаратистите повикуваат на „Каталонска пролет“, на улиците и поддржувачите...

(Видео)ТЕНЗИЧНО ВО КАТАЛОНИЈА: Сепаратистите повикуваат на „Каталонска пролет“, на улиците и поддржувачите на кралот!

Противниците и поддржувачите за отцепување на Каталонија од Шпанија денес организираа одвоени собири во Барселона, по апсењето на бившиот каталонски лидер Карлес Пуџдемон во Германија

Сепаратистичката партија Каталонска национална асамблеја и радикално левичарската Кандидатура на народното единство ги повикаа своите поддржувачи да излезат на улиците и да пружат поддршка за Пуџдемон.

Кандидатура на народното единство исто така ги повика и своите поддржувачи на граѓанска непослушност, најавувајќи, како што наведоа „каталоснка пролет“.

На смиреност повика и сепаратистичката Каталонска европска демократска партија.

„Повикуваме на смиреност и разум. Луѓето кои сакаат да излезат на улица, тоа треба да го направат, но секогаш на мирен начин“, изјави портпаролот на партијата.

Од друга страна, во Барселона на собири повикаа и поддржувачите на шпанското единство, пред канцеларијата на претставникот на шпанската влада за Каталонија, пренесува АП.