дома Македонија (Видео)„ТЕРОРИЗМОТ“ НА ВЛАДО ЈОВАНОВСКИ: Не сакам да бидам дел од народ кој...

(Видео)„ТЕРОРИЗМОТ“ НА ВЛАДО ЈОВАНОВСКИ: Не сакам да бидам дел од народ кој се самоукинал!

Чувствувам достоинство кај македонскиот народ, чувствувам храброст и одважност, чувствувам одговорност за сегашноста и иднината, чувствувам дека сите што се собрани овде имаат воловско и јуначко срце, ова го изјави актерот Владо Јовановски оваа пролет на протестите организирани под мотото „ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“.

-Јас знам сите ние кој долги години живееме во сиромаштија дека без леб не се живее, но не се живее и без колективно достоинство, не сакам да бидам член на народ кој што се самоукинал, скам со мојата маленкост да помогнам колку што можам да го зачуваме она што нашите предци ни го оставиле како аманет. Бројни востанија, реки крв се лиело за оваа татковина, не сакам да бидам преседант во светската историја и цивилизација дека припаѓам на народ кој сам себе си се укинал на зелена маса. Тоа нема да го дозволиме на никого, да живее Македонија, изјави тогаш Јовановски.

 

https://www.youtube.com/watch?v=3LovPxDgfzg