дома Свет (Видео)ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО САД: Преку 20 лица повредени во напад на училиште...

(Видео)ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО САД: Преку 20 лица повредени во напад на училиште во Флорида

Престрелка во училиште на југот на Флорида се случи предмалку, а медиумите јавуваат дека се повредени повеќе од 20 лица

„Во овој момент, медиумите повикувајќи се на извори од полицијата, јавуваат за 20 повредени“, наведува каналот „7 њуз“.

На снимката на Си-Ен-Ен се гледа како деца истрчуваат од училиштето. Во тек е евакуација.

На лице место се наоѓаат неколку возила на итната помош. Полицијата изведува операција во подрачјето на училиштето.