дома Актуелно (Видео)ТИ КАТО ТЕХНИЧКИ МИНИСТЕР, ЗНААШ ЛИ ДА ОРАШ: Техничкиот министер за земјоделство...

(Видео)ТИ КАТО ТЕХНИЧКИ МИНИСТЕР, ЗНААШ ЛИ ДА ОРАШ: Техничкиот министер за земјоделство се качи на трактор и ораше нива

Дополнителниот заменик-министер во министерството за земјоделие од ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски при посета на струмичко, ги изненади земјоделците откако го прифати нивниот предизвик па се качи на трактор и покажа дека знае да работи на нива

„Като технички министер знаате ли вие да ор’те? Знааш ли да ораш?“ – рече земјоделецот, на што министерот му одговори дека бил „дете од село“ и дека ги знаел сите земјоделски работи.

„Штом сте орале, штом знаете тија работи да ги работете, ќе ви дозволам да свретете еден круг“ – дополни земјоделецот.

Погледнете;

 

https://www.youtube.com/watch?v=xOczb8RaCo4&feature=youtu.be