дома Свет (Видео)ТУРСКА ИHBAЗИJA ВО СИРИЈА: Турција започна со воздушни нaпaди на северот на...

(Видео)ТУРСКА ИHBAЗИJA ВО СИРИЈА: Турција започна со воздушни нaпaди на северот на Сирија – на мeтa cириските Курди

Турската авијација изведе напад врз база на курдските Сириски демократски сили во сириската провинција Хасака, соопшти телевизијата „Мајадин“

 

 

 

„Турските авиони изведуа напад на штаб на курдските сили во предградието на Ел Маликија, во провинцијата Хасака на североистокот на Сирија“, јавува телевизијата.

Во соопштението се прецизира дека засега нема податоци за жртви на нападот.


Претходно Сириските демократски сили јавуваат дека американските сили се повлекле од границата со Турција на северот на Сирија, кршејќи ги договорите постигнати со курдските сојузници. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган исто така изјави дека американската војска ја напушта тероријата на северот на Сирија, каде Турција планира да ја изведе воената операција против курдските сили.

Според податоците на „Флајт Радар“, во моментот над Сирија не летаат цивилни авиони поради воените воздушни напади на Турција врз курдските сили во Хасака.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео со неговиот британски колега Доминик Раб ги разгледуал плановите на Турција за воената операција на северот на Сирија, соопштуваат од Стејт Департментот.

„Тие разговараа…за Турската инвазија во Сирија“, пишува во соопштението.