дома Македонија (Видео)УНГАРСКИТЕ НОВИНАРИ ГО СНИМИЈА ГРУЕВСКИ ВО РЕСТОРАН: Екс-премиерот на ручек во Будимпешта,...

(Видео)УНГАРСКИТЕ НОВИНАРИ ГО СНИМИЈА ГРУЕВСКИ ВО РЕСТОРАН: Екс-премиерот на ручек во Будимпешта, одби да одговори на прашања

Унгарските медиуми будно го следат секое движење на екс-премиерот Никола Груевски, а тој денеска беше снимен од камерата на унгарскиот портал „24.ху“.


Тој беше забележан во ресторан во Будимпешта во друштво на уште еден човек, а кога новинарите му пријдоа и го прашаа како излегол од Македонија, екс-премиерот одби да одговори на прашањето по што влезе во автомобил и замина.

Во текот на вчерашниот ден, излезе првата фотографија од Груевски во Будимпешта како слободно се шета низ унгарската метропола.