дома Свет (Видео+Фото)ГОЛЕМ ЗЕМЈОТРЕС ВО САД: Откорнати патишта, згради и инфраструктура по силниот земјотрес...

(Видео+Фото)ГОЛЕМ ЗЕМЈОТРЕС ВО САД: Откорнати патишта, згради и инфраструктура по силниот земјотрес во Аљаска!

Силен земјотрес со 7 степени по Рихтер ја стресе Аљаска, по што сојузните служби најавија предупредување од цунами кое подоцна беше отповикано

Земјотресот го погоди Анкориџ во 8.29 по локално време, предизвикувајќи општа паника откако почнале да се тресат дрвјата, бандерите и зградите. Луѓето панично се криеле под масите во канцелариите, а оние на улица барале засолниште.

Во Аљаска е прогласена вонредна состојба.

 

Според геолошката опсерваторија на САД, епицентарот на земјотресот бил на 12 километри северно од главниот град на Аљаска, а иницијалната сила била 6.7 стпени по Рихтер, кој подоцна се зголемил на магнитуда од 7.

Земјотресот бил почувствуван на 700 километри надвор од Анкориџ.