дома Занимливости (Видео+фото) Мистерија стара 11 000 години: Карпа ѝ прkоси на гравитацијата, научниците...

(Видео+фото) Мистерија стара 11 000 години: Карпа ѝ прkоси на гравитацијата, научниците без објаснување

Кумакиви, чудна карпа во Финска, стои на камен околу 11.000 години и ѝ пркоси на гравитацијата.
Кумакиви, што на фински значи чудна карпа, се наоѓа во густа шума во западниот дел на Руоколахти во југоисточна Финска.
За овој феномен стар 11.000 години, легендата има едно објаснување, додека науката нуди друго. Вистина е дека ниту еден од нив не е докажан, пренесува National Geography.
Според легендата, оваа карпа била поставена на камен од џинови; додека геолозите нудат научно објаснување – глечерите.

Бидејќи ова не е единствената балансирачка карпа во светот, научниците веруваат дека глечерите ја оставиле зад себе додека се повлекувале пред повеќе од 8.000 години.
Сепак, никој сѐ уште не објасни зошто таа не паднала досега.