дома Занимливости (ВИДЕО+ФОТО) Погледнете како 70. годишниот Шварценегер „ги пумпа“ мускулите додека се подготвува...

(ВИДЕО+ФОТО) Погледнете како 70. годишниот Шварценегер „ги пумпа“ мускулите додека се подготвува за улогата на Терминатор!

Се врати. Арнолд Шварценегер во теретана ги напнува мускулите и напорно вежба за да биде во што подобра форма за улогата во новото продолжување на филмот „Терминатор“.

Бившиот гувернер на Калифорнија во видеото кое го објавил покажува како изведува повлекување, една од четирите основни вежби користејќи лат машина.

Пред шест месеци 70. годишниот Шварценегер имаше операција на срцето. Тоа е втор пат откако поради проблеми со срцето завршил на операција. Во 1997. година му бил заменет аортален залисток.