дома Свет (Видео+фото) Пaниka во Вашингтон: Евakyиран Капитол откако камион со бomба се паркирал...

(Видео+фото) Пaниka во Вашингтон: Евakyиран Капитол откако камион со бomба се паркирал пред Конгресната библиотека

Полицијата ги истражува наводите за можна експлозивна направа во возило паркирано пред Конгресната библиотека на Капитол Хил во Вашингтон. Зградата на библиотеката и околната зграда беа евакуирани, објави АП.


Полицијата ги предупреди граѓаните да го избегнуваат тој дел од градот.

Според неименувани извори од полицијата, примен е дојава за експлозивна направа во камионот, во близина на библиотеката, додава Си -Ен -Ен.

Полицијата испрати преговарачи да преговараат со заканувачот, кој се наоѓа во камионот, наведе еден од изворите.
„Во тек е истрага. Ние внимателно ја следиме ситуацијата и ќе ги ажурираме информациите на оваа сметка кога ќе ги добиеме оние што можеме да ги објавиме”, објави полицијата на Капитол Хил на Твитер.

Конгресната библиотека е Национална библиотека на Соединетите држави и „истражувачка рака“ на Конгресот на Соединетите држави. Таа е една од најголемите библиотеки во светот.