(Видео+фото) Peволтирани, граѓаните го продолжија протестот, маршираат кон Влада

Поврзано

- Advertisement -
Околу 15 000 граѓани на Република Македонија излегоа на прототест против најновите мерки на владата кои стапуваат на сила утре, a со кои им се ускратува слободата, се кршат човековите права и се дискриминираат оние граѓани кои не сакаат да се вакцинираат. Најавените рестриктивни мерки кои треба да стапат на сила од утре, предвидуваат во угостителските објекти ќе можат да влезат само вакцинираните и оние кои прележале Ковид-19 изминатиот месец ипол.
Транспарентите како „Заштити ја планетата, отстранија ја елитата“, „Мое тело – божја сопственост“, „Моето тело е мој избор“, „Стоп за присилна вакцинација“ и „Слободата нема цена“ јасно го покажаа незадоволството на народот од присилната вакцинација која власта индиректно ја наметнува преку ограничување на правата на оние кои избрале да не се вакцинираат со експериментална вакцина чии несакани ефекти не се целосно утврдени, ниту пак целосно е потврдена нејзината ефикасност.
Протестот започна пред Собранието на Република Македонија, каде неколку илјади граѓани порачаа дека нема да молчат според фашистичките мерки и непочитувањето на основните човекови права и слободи. Граѓаните, потоа, во огромен број се упатија кон Владата.
Владата на Република Македонија пред неколку дена донесе контроверзни мерки со кои на лицата кои не се целосно вакцинирани, односно кои не поседуваат сертификат за извршена имунизација им се забранува влез во секаков вид објект на отворено, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани) на отворено. Мерката се однесува на лица над 18 годишна возраст.
За спроведување на овие мерки власта воведува и контрола при влезот на објектите, т.е. редарска служба која ќе проверува дали граѓаните кои сакаат да влезат се уредно имунизирани.
- Advertisement -

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This