дома Европа (Видео)ФРАНЦУСКИТЕ ДЕМОНСТРАНТИ СО КРЕАТИВНИ ИДЕИ: Си донесоа малтер, цигли и васер вага...

(Видео)ФРАНЦУСКИТЕ ДЕМОНСТРАНТИ СО КРЕАТИВНИ ИДЕИ: Си донесоа малтер, цигли и васер вага и го забетонираа влезот на министерството!

Неконвенционалните методи на протест се своевиден заштитен знак на француските демонстранти, кои деновиве протестираат против владата на Емануел Макрон поради зголемувањето на трошоците на живот, а стагнацијата на платите

Иницијалната каписла за ваквите протести беше најавата за зголемување на акцизата на горивата, и поскапувањето на цените на основните продукти за граѓаните. Ова предизвика лавина од незадоволство која на улиците се проектираше преку стотици илјади демонстранти кои со денови протестираат на улиците на Париз, но речиси и низ цела Франција.

Дел од демонстрантите пак, решија да го бетонираат влезот на министерството за економија во Париз, па така, подготвени со бетон и бетонски блокови го забетонираа влезот.

Пред неколку години, Француските земјоделци исфрлија тони животински измет и го блокираа министерството за земјоделство.