дома Спорт (ВИДЕО)Фјури по борбата со Вајлдер запеа заедно со новинарите

(ВИДЕО)Фјури по борбата со Вајлдер запеа заедно со новинарите

Во Лос Анџелес синоќа беше одржан големиот боксерски спектакл помеѓу Тајсон Фјури и Деонтај Вајлдер за појасот во тешка категорија.

Љубителите на боксот можеа да уживаат во неверојатна борба меѓу Вајлдер и Фјури, а по 12 рунди судиите решија да нема победник.

Иако Фјури беше подобар во мечот, сепак на крајот немаше среќа со судиската одлука, но сигурно е задоволен со тоа што го покажа во борбата.

Фјури по паузата се врати и покажа дека уште не е за во пензија, а по борбата боксерот направи спектакл на прес-конференцијата, каде што реши да ги забавува новинарите, па и тие почнаа да пеат.