дома Хроника (Видео)ХАОС НА ПАТИШТАТА НИЗ МАЕКДОНИЈА: Патиштата побелени, излизгани автомобили и камиони!

(Видео)ХАОС НА ПАТИШТАТА НИЗ МАЕКДОНИЈА: Патиштата побелени, излизгани автомобили и камиони!

Забраната за движење на тешки моторни возила вечерва е воведена на патните правци Кичево – Охрид преку планискиот премин Пресека, Крива Паланка – Деве Баир и Македонски Брод – Прилеп преку планинскиот премин Барбарос, информираат од ЈП Македонија пат.

Патниот правец Росоман – Прилеп, како што се посочува, е во прекин поради превртено возило на ЈП Македонија пат.

Од 19:30 часот патниот правец Демир Капија – Гевгелија се пренасочува по стариот пат, поради сообраќајна незгода, наведуваат од ЈП Македонија пат.

Новинарката Анита Петровска – Рајковиќ објави и видео снимка од состојбата на влезот на Скопје.