дома Свет (Видео)ХЕРОИНИТЕ ЗА КОИ РЕТКО СЕ ЗБОРУВА: Жените кои ја ослободуваат Сирија и...

(Видео)ХЕРОИНИТЕ ЗА КОИ РЕТКО СЕ ЗБОРУВА: Жените кои ја ослободуваат Сирија и Ирак од терористите на ИСИС!

Војната во Сирија зафати милиони цивили, практично и да нема жени во земјата кои не се зафатени од тешкотиите. Некои од нив одлучија да земат оружје и да им се спротивстават на терористите, рамо до рамо со мажите, бранејќи ја нивната татковина и нивните животи.

Женската воена единица „Беин Накхреин“ служи како дел од Демократските Сириски сили во Ал-Хаска на североистокот на Сирија.

Заедно со оваа женска единица, постои и Женска единица за самоодбрана. Жените исто така се борат и во редовите на Курдските безбедносни сили, Ас-Саиш и Асириската група ан-Натора. Во интервју за арапската подружница на Спутник, една од членките на овие единици, Рушин изјавила дека таа влегла во војна со првата ваква женска единица. Според неа, жените даваат силен придонес во политичкиот, социјалниот, културниот и воениот живот. Жените се борат и ги бранат своите права, се борат за мир и ослободување на окупираните територии од страна на терористите.

Друга пак вели дека 40 години била домаќинка но со почетокот на војната таа доброволно се пријавила во редовите на бранителите на Сирија. Лара верува дека Сирија ќе остане дом на Сиријците од сите вери и деноминации. Таа е спремна да се бори за секој милиметар од нејзината татковина.