дома Политика (Видео)ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ НА ФЕЈСБУК: Помина година на политички терор, апсења, упади, тортура!

(Видео)ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ НА ФЕЈСБУК: Помина година на политички терор, апсења, упади, тортура!

Помина една година на разочарувања, изневерени очекувања и уривање на достоинство. Година пропуштена во нашите животи, година на неработа, создавање на поделби и хаос.

Година на политички терор, апсења, упади, тортура.

Година на економски неуспеси, на создавање трулеж во општеството.

Година на изневерени очекувања и лажни ветувања.

Година во која народот се соочува со вистината дека ветуваа се и сешто, а не исполнија ништо.

Ниту земјоделците имаат повисоки субвенции, ниту докторите повисоки плати, ниту пак пензионерите повисоки пензии.

Здравството ни е руинирано, болниците пропаѓаат, луѓето чекаат по ходници, цената за тоа ја плаќаат со најскапото нешто, а тоа се нивните животи.

Зоран Заев заборави една работа, дека животот нема реприза! И нема втора шанса за времето кое изминува и годините кои се губат.