дома Спорт (Видео)ЧЕЛЗИ УБЕДЛИВО ПРОТИВ АРСЕНАЛ ДО ТРФЕЈОТ НА ЛИГА ЕВРОПА: Лондонскиот дуел во...

(Видео)ЧЕЛЗИ УБЕДЛИВО ПРОТИВ АРСЕНАЛ ДО ТРФЕЈОТ НА ЛИГА ЕВРОПА: Лондонскиот дуел во финалето за Челзи

Екипата на Челси демонстрираше надмоќ во второто полувреме од вечерашниот натпревар против Арсенал и може да се каже сосема заслужено стигна до трофејот во Лигата на Европа.

Избраниците на Маурисио Сари со високи 4:1 славеа против Арсенал, а интересно е што сите пет голови паднаа во второто полувреме во период од само 22 минути.

Жиру го доведе Челси во водство во 49. минута од натпреварот. На 2:0 зголеми Перо со гол во 60. минута, а само пет минути подоцна гол постигна и Еден Азар кој го матираше Чех од белата точка.

Веќе во 69. минута Арсенал намали преку Ивоби, но Азар со својот втор погодок во 72. минута ја потврди големата победа за Челси.