дома Политика (Видео)ЈАНУШЕВ ОД ГРАДСКО: Владата троши државни пари за партиска кампања, додека граѓаните...

(Видео)ЈАНУШЕВ ОД ГРАДСКО: Владата троши државни пари за партиска кампања, додека граѓаните ги тиштат секојдневните проблеми

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев денеска беше во посета на Градско, како дел од теренските активности на партијата ова лето, вклучително и продолжување на акцијата Лето за Македонија. Toj денеска истакна дека од таму тие заминуваат во посета на општин Чашка.

– Она што можам да го забележам е дека покрај најголемото прашање, најголемиот проблем за сите граѓани, а тоа е нели референдумот и договорот во однос на името дека граѓаните ги тиштат и секојдневните обични проблеми. Меѓутоа она исто така што е евидентно дека власта на коруптивен и криминален начин троши државни ресурси за партиска кампања, од друга страна исто така е се по евидентно зошто референдумското прашање беше поставено всушност со три прашања, а тоа е само со цел за да се избегне да не се разговара и да не се објаснува договорот, туку целосно да се насочат кон објаснување колку ЕУ и НАТО како перспективи се позитивни за Република Македонија и веројатно тоа е нешто единствено во кое се согласуваме, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија секогаш се залагала и ќе се залага и ќе работи за членство во ЕУ И НАТО, изјави Јанушев.

Тој кажа дека што е многу побитно од тоа е дека во ЕУ не може да се влезе со криминал и со корупција со злоупотреба на државни пари, со злоупотреба на се она што е од интерес на граѓаните и кое што всушност доаѓа од граѓаните.

– Мора да разбереме дека ова не е референдум за Македонија, ова е референдум за Северна Македонија. Ова е тоа на што треба да работиме за да го доближиме до граѓаните, дека СДСМ ова што го прави преку кампањата на еден перфиден и речиси суптилен начин се обидува да протне во граѓаните нешто што едноставно не може да помине, изјави Јанушев.

На новинарско прашање колку од сето ова што го кажавл во оваа посета во домовите на жителите од Градско, жителите го препознаваат и дали ја препознаваат суштината на сево ова?

-Граѓаните се и тоа како свесни, граѓаните многу добро ја гледаат целата состојба, гледаат што оваа неспособна власт не прави. Од друга страна се доста запознаени, барем на едно високо ниво во однос на штетниот договор со Грција. Слободно можам да кажам дека реалноста е таква и граѓаните веќе го имаат заземено својот став, изјави Јанушев.

Тој на жителите на Градско им порача на оние што не го погледнале договорот ако треба и во детали да го погледнат, за да на некој начин разберат зошто тие како ВМРО-ДПМНЕ се спротивставуваат на истиот и зошто не го прифаќаат.