дома Социјални Мрежи (Видео)ЌЕ ГО КРЕНЕ ЛИ НЕКОЈ ЏИПОТ НА АСАНИ: Бекир Асани повторно го...

(Видео)ЌЕ ГО КРЕНЕ ЛИ НЕКОЈ ЏИПОТ НА АСАНИ: Бекир Асани повторно го паркираше џипот на крстосницата кај Мавровка

Бекир Асани, поранешниот претседател на општинската организација на ДУИ во Чаир, повторно го паркирал своето возило на истото место каде што при обид пајак-служба да го крене возилото, пајакот ја повреди полицајката – објави „Република

Читатели на „Република“ испратиле видео и фотографија до редакцијата, тврдејќи дека Асани е повторно на местото на злосторството – со истото возило на истото место.

Дали овојпат полицијата ќе реагира?! Дали и вечерва пајакот ќе биде победникот, Асани ќе помине без казна, а полицијата со повреда од пајакот?! Ќе реагира ли вечерва полицијата самоволието на членот на ДУИ, кому очигледно никој ништо не му може, па дури ни опасниот пајак?!