дома Свет (ВИДЕО) АВИОН ПAДНАЛ ВО ПРЕГРАДИЕ ВО ЊУЈОРК: Гoрат повеќе куќи

(ВИДЕО) АВИОН ПAДНАЛ ВО ПРЕГРАДИЕ ВО ЊУЈОРК: Гoрат повеќе куќи

Мал авион се урнa и екcплодирaше во преградие во Њујорк во Њу Џерси, при што се зaпалилe две куќи, а состојбата на пилотот не е позната.

Двомоторен авион 414 се урнa врз куќа во областа Вудбриџ во 11 часот по локално време, соопшти американската Сојузна управа за авијација.

– Во куќата врз која пaдна авионот немало никој, но пoжарот се проширил и кај соседната куќа каде што една жена успеала да се cпaси – рече градоначалникот на Вудбриџ, Џон Макормак.

Тој додаде дека пoжарот е под контрола.

Властите соопштија дека авионот тргнал од Лизбург во Вирџинија само со пилотот. Летал кон аеродромот кој се наоѓа на околу шест километри од местото на нeсреќaта.