дома Свет (Видео) Автобус влета во куќа додека сопственикот седел зад трпезариската маса

(Видео) Автобус влета во куќа додека сопственикот седел зад трпезариската маса

Автобус број 15 удрил во куќа во Оксфорд додека возел – во тој момент, во куќата имало маж на ручек, кој, за среќа, не бил повреден.

Во моментот на судирот, автобусот бил празен и без патници. Мештаните од ова место рекле дека само слушнале голема експлозија во еден момент, а подоцна виделе автобус кој бил „заглавен“ во куќата на нивниот сосед.

Возачот на автобусот не е повреден.

Човекот чија куќа била уништена, бил сместен на безбедно додека не се утврди дека може да се врати во својот дом.