(Видео) Акробат на јаже ја премина реката Сена на височина од 70 метри

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Францускиот акробат Натан Полин (27) ја премина реката Сена одејќи по јаже од Ајфеловата кула до Палатата Шајло на височина од 70 метри.

Прицврстен со појас за јаже заради безбедност, Полин одеше полека по јажето, направи неколку паузи, повремено седеше и лежеше на него, пишува Гардијан.

– Не беше лесно да се оди 600 метри, концентрирано, со сите околности и притисок, но сепак беше прекрасно – рече Полин по завршувањето на акробатиката.

Тој рече дека било тешко да се добијат потребните дозволи за оваа акробација, како и дека стресот бил голем „поради фактот дека имало многу луѓе“.

Овој настап беше организиран како дел од Денот на наследството, кога луѓето беа поканети да ги посетат зградите и спомениците кои обично се затворени за јавноста.

Полин рече дека неговата мотивација е „главно да направи нешто убаво и да го сподели со луѓето, а исто така и да донесе нов поглед на наследството, за да се оживее истото“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This