дома Балкан (Видео) Албанец пaднa од јарболот во обид да го тргне српското знаме

(Видео) Албанец пaднa од јарболот во обид да го тргне српското знаме

Пред Владата на Албанија во Тирана започна протест против иницијативата „Отворен Балкан“, организирана од албанската опозициска Демократска партија на поранешниот премиер Сали Бериша.

Протестот се организира во пресрет на доаѓањето на премиерот на Македонија, Зоран Заев и претседателот на Србија, Александар Вучиќ на состанокот на иницијативата за регионална соработка „Отворен Балкан“, што денеска и утре се одржува во Тирана.

Еден од демонтантите во центарот на градот се качи на бандерата за да го тргне српското знаме но тоа му остана в рака.

Учесници во протестот сепак успеаја да го запалат српското знаме, кое беше истакнато во знак на добредојде на улицата што води кон Владата, по што следеше бурно одобрување на насобраните, а едно момче падна од јарболот обидувајќи се да го собори знамето.

https://twitter.com/AurelBoriciBT/status/1472968857069531137?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1472968857069531137%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fpressingtv.mk%2Fregion%2Falbanci-pagjaat-so-srpskoto-zname-v-raka%2F