дома Балкан (Видео) Албанци извикуваа „Косово е срцето на Албанија“ пред црквата Богородица Љевишкa

(Видео) Албанци извикуваа „Косово е срцето на Албанија“ пред црквата Богородица Љевишкa

Навивачите од Призрен извикуваа „Косово е срцето на Албанија“ во близина на црквата Богородица Љевишкa. Приштинскиот „Газета експрес“ објави дека реагирале на наводното викање на групата Срби „Косово е Србија“, која вчера околу 15 часот ја посети црквата, се фотографираше пред неа и „пееше пpoвокативни песни“.

За тоа време, околу 15 минути, сообраќајот беше запрен пред црквата од косовската полиција, потврдија очевидци за „Газета експрес“.

Припадници на косовската полиција постојано ја чуваат црквата во, која се наоѓа во историската зона на Призрен.

Оваа црква беше претворена во џамија, а потоа повторно во црква, потсетува „Газета експрес“, а пренесува Танјуг.

Видеото можете да го погледнете ТУКА