дома Македонија (Видео) Али Ахмети пoкaжa кaкo ce вoди opoтo нa cвaдбa вo Зajac

(Видео) Али Ахмети пoкaжa кaкo ce вoди opoтo нa cвaдбa вo Зajac

Претседателот на ДУИ Али Ахмети и пратеник во Собранието денеска е снимен во опуштено издание на свадба во Зајас како води оро и ужива во звуците на албанскиот мелос со зурли и тапани, веејќи го албанското знаме, традицонално украсено за свадбена веселба.

Ахмети е главен гостин на свадбата на својот внук во Зајас и покажа дека освен лидерски и дипломатски способности, успешно знае да го води орото – буквално.

Видеото е објавено на социјалните мрежи од гости на споменатата свадба во Зајас од каде е родум Ахмети.

-Кога срцето ти пее, а душата игра, пишуваше на една од објавите како опис за видеото со Ахмети, на кое покажа дека знае да се качи и на тапанот.

Видеото може да го погледнете ТУКА.