дома Хроника (Видео) Арачиновец со „Бентли“ влезе на скопскиот плоштад

(Видео) Арачиновец со „Бентли“ влезе на скопскиот плоштад

Автомобил од марката „Бентли“ со скопски регистерски таблички со голема брзина поминува среде поставените украси на плоштадот „Македонија“ каде што во овој претпразничен период обично се собираат многу посетители и деца.

На видеоснимката објавена на социјалните мрежи се гледа како граѓаните кои се затекнаа под украсот панично бегаат.

Во меѓувреме МВР го пронашла возачот .

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека вечерва околу 19 часот е пронајден и санкциониран Б.А. од Арачиново, кој со патничко возило се движел по плоштадот во Скопје и ја загрозил сигурноста на присутните граѓани.

Министерството за внатрешни работи и во наредниот период најостро ќе ги санкционира сите кои ќе го нарушат јавниот ред и мир и ќе ја загрозат безбедноста на граѓаните, се наведува во соопштението од МВР.

Видеото го пренесе и А1ОН: