дома Политика (Видео) АХМЕТИ: Oва не е беше средба за договарање, ова беше средба...

(Видео) АХМЕТИ: Oва не е беше средба за договарање, ова беше средба за честитање

„Ова не беше средба за договарање, ова беше средба за честитање“, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашање за Законот за јазици. Ахмети рече дека ВМРО-ДПМНЕ била заинтересирана да ги поддржи реформите кои се прават во државата. Се договориле со Мицкоски да продолжат со комуникација и во иднина за напредок на државата.

„Разменивме мислења на многу конструктивен начин и за неопходните реформи кои мора да ги завршиме во земјава. Разговаравме и за политичките процеси во земјата. Интересот на двете партии е за нашата држава да биде што е можно постабилна“, изјави Ахмети.

Ахмети рече дека му го честитал изборот на Мицкоски и дека размениле мислења на конструктивен начин за евроатлантските интеграции на земјата како власт и опозиција.