April 25, 2024, 12:29 am

(Видео) Аpхeoлoзитe co гoлeмo oткpитиe: Египет oтвopи 160 capкoфaзи, нeкoи oд нив билe зaпeчaтeни co клeтвa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред неколку века, Египќаните ги погребале своите мртви во дрвениот град на мртвите – Сакари. Со цел да ги заштитат гробовите на нивните најблиски од кражба, тие знаеле како да напишат таканаречена клетва на sидовите на гробниците.

Археолозите неодамна открија некои вакви „заштитени“ саркофази.

Големите антички гробници на Сакара се наоѓаат на околу 30 км јужно од современиот Каиро.

Во неа е сместена најстарата зачувана пирамида во светот, поради што е запишана на списокот на светско наследство на УНЕСКО во 1979 година.

Античките свештеници ги ставале мртвите во дрвени ковчези украсени со хиероглифи. Саркофазите потоа биле запечатени и закопани во гробници над или под нивото на песок.

Археолозите откриле 160 саркофази со човечки мумии во областа во текот на последните три месеци, кои планираат да ги изложат во музеите ширум Египет во иднина. Тие исто така отворија неколку за да ја разгледаат нивната содржина.

Што велат клетвите во гробниците?

Експертите велат дека на некои надгробни sидови во Сакара биле напишани пцости со предупредувања за натрапници.

Египтологот Салима Икрам од Американскиот универзитет во Каиро анализирал некои мумии на животни кои биле пронајдени минатата година во Сакара.

Таа за Бизнис инсајдер објасни дека предупредувањата во гробовите каде се закопани мумии, главно служат за да ги одвратат натрапниците од кражба.

„Овие предупредувања генерално наведуваат дека ако нечиста личност влезе во гробот, тогаш соборот на богови има право да го казни сторителот и да му го сврти вратот како гуска“, рече Икрам.

Проклетството цитирано од археологот е пронајдено во гробот на везирот Анхмахор, слуга на фараонот, кој живеел пред повеќе од 4.000 години за време на 6-та египетска династија.

https://twitter.com/AusAmbEgy/status/1312367375975677953?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1312367375975677953%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkumanovskimuabeti.mk%2Fegipet-otvori-160-sakrofazi-nekoi-od-niv-bile-zapechateni-so-kletva-video%2F

Анкмахор е закопан во мастаба: надземна гробница во форма на правоаголна кутија. Слични мастаби биле изградени низ целиот Египет и во близина на пирамидите во Гиза и биле стандарден вид гробница во пред-династичкиот и раниот династички период.

Мастаба потекнува од арапскиот збор за клупа, бидејќи оддалеку изгледа како клупа од тули.

Ако грубо би ја превеле клетвата чија цел била да го заштити вечното живеалиште на Анхмахор, би го прочитале предупредувањето дека сѐ што некој „ќе му направи на мојот гроб, ќе му биде направено и на неговиот имот“.

Проклетството исто така предупредува дека везирот бил поучен во магија и тајни магии и дека тој ќе ги наполни „нечистите“ натрапници со „ужасот од гледањето духови“.

Ако некој бил фатен како краде гроб на висок службеник, тој веројатно бил претепан или му бил отсечен носот, рече Икрам.

Од друга страна, во гробот на Анкамахор има и пораки за оние со чиста намера. Тие наведуваат дека везирот ќе ги заштити на дворот на Озирис, господарот на египетскиот подземје. Античките Египќани верувале дека Озирис им проценувал на мртвите души пред да заминат во задгробниот живо.

Археолог кој починал со чудна смрт

Записите пронајдени во гробници како оние на Анхмахор донекаде потсетуваат на клетви од хорор филмови во кои археолозите кои отвораат запечатена гробница или саркофаг завршуваат мртви или стануваат жртви на клетва.

Од таа причина, некои локални жители не сакаа да присуствуваат на отворањето на саркофагот, затворен повеќе од два века.

Верувањето дека во гробниците може да има опасни патогени микроорганизми, делумно произлегува од приказната за славниот археолог Хауард Картер, кој го ископа гробот на кралот Тутанкамон во 1922 година.

Имено, членот на неговата експедиција, Џорџ Херберт, починал од необична, ненадејна смрт, само шест недели откако ја отвориле кралската погребна комора.

Сепак, понатамошните истражувања покажале дека Херберт починал од труење на крвта откако го каснал заразен комарец.

Ако некои сè уште се сомневаат дека Херберт починал поради природни околности, треба да се напомене дека немало проклетство на ѕидовите на гробот на Тутанкамон и дека Картер починал 20 години по неговото големо откритие.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This