(Видео) Балканолог од Белгија во интервју за бугарска телевизија: Негирањето на македонскиот јазик е смешно

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Универзитетскиот професор и познат балканолог од Белгија, Рајмонд Детрез, зборувајќи за спорот меѓу Софија и Скопје, вели дека Бугарија не успева да ја објасни својата позиција на ниво на ЕУ, а и дека е прашање дали таа позиција може да се објасни.

Во интервју за Бугарската национална телевизија, Детрез, кој е оженет за позната бугарска поетеса и течно зборува бугарски јазик, вели дека во светот има безброј примери на литературни јазици, државни, официјални, стандардизирани јазици кои се формирани врз основа на еден континуум на дијалекти. Како примери ги споменува скандинавските јазици, јазиците на просторите на поранешна Југославија и порачува дека секоја држава има право да си го нарече јазикот како што сака.

„Познато е дека Бугарија не успева да ја објасни својата позиција, но можеме да се прашаме дали таа позиција воопшто е објаснива, особено за надворешниот свет кој не слушнал ниту за Гоце Делчев, ниту за Цар Самоил итн. Тој спор е, навистина, фантастичен, би рекол дури и надреалистичен и жално е што има такви политички последици. Луѓето овде не знаат ниту за Гоце Делчев, ниту сакаат да знаат, ниту се интересираат. И во право се, затоа што има многу поважни проблеми од еден човек починат пред повеќе од 120-130 години. Разбирам дека тоа е важно за Бугарите и за Македонците, но тоа се херои какви што имала секоја нација, но тие, сепак, се малку, како да се изразам, демоде“, вели Детрез.

БНТ: Во таа смисла, како гледате на спорот за јазикот, македонскиот јазик, бугарски јазик, за националниот идентитет, за нацијата?

„Околу јазикот нема спор дека македонскиот јазик, јас така ќе го наречам, е формиран врз основа на дијалекти што влегуваат во рамките на еден континуум, како што го нарекуваат лингвистите, на дијалекти под кои нели потпаѓаат и бугарските и македонските. Тој однос, како кон јазик на тоа рамниште, станува збор за еден ист јазик. Сепак, во светот има безброј примери на такви јазици, литературни јазици, државни, официјални, стандардизирани јазици кои се формирани врз основа на таков континуум на дијалекти. На пример, скандинавските јазици, југословенските. Сега има хрватски јазик кој… Српски, хрватски, босански, црногорски – сите тие јазици се формирани на истиот континуум на дијалекти. Всушност, секоја држава има право да си го нарече јазикот како што сака. Покрај тоа, тие литературни јазици и македонскиот, функционираат 60-70 години, па и во литературата, образованието, медиумите насекаде, како еден нормален литературен официјален јазик. Да се негира дека има таков јазик, тоа е смешно“, анализира Детрез за Бугарската национална телевизија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This