March 29, 2024, 12:48 pm

(Видео) Бајден и Меркел: Ќe ce cпpoтивcтaвимe нa pycкaтa aгpecиja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот претседател Џо Бајден и германската канцеларка Ангела Меркел ветија дека ќе работат заедно за да се одбранат од Русија и да се спротивстават на антидемократските активности на Кина и да размислат за укинување на забраната за патување од Европа кон САД.

Бајден ја повтори загриженоста во врска со изградбата на гасоводот „Северен поток 2“ што се гради од Русија до Германија под Балтичко Море, и двајцата беа обединети во верувањето дека Русија не треба да ја користи енергијата како оружје.

„Ние стоиме заедно и ќе продолжиме да ги браниме нашите сојузници од источната страна во НАТО од руската агресија“, рече Бајден на заедничката прес-конференција во Белата куќа. Тој рече дека двете земји ќе се залагаат за демократските принципи и универзалните права и ќе се борат против поткопување на слободно и отворено општество, било да е тоа Кина или која било друга земја.

САД и Германија се клучни сојузници во НАТО, но односите трпеа во времето на поранешниот претседател Доналд Трамп. Бајден и Меркел, кои со години знаат и соработуваат, ветија дека во иднина ќе ги зајакнат врските меѓу двете земји, пренесуваат медиумите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This