дома Балкан (Видео) Белград под полициска опсада: Властите се подготвуваат за масовни протести

(Видео) Белград под полициска опсада: Властите се подготвуваат за масовни протести

По пpoтестот на граѓаните што избувна на улиците во Белград во вторникот вечерта поради најавата дека повторно ќе биде воведен полициски час, српската престолнина денес е под полициска опсада.

Дел од полициските сили веќе е распореден пред зградата на парламентот, во очекување на денешниот прoтест.

Српските медиуми објавија видео од корисник на Твитер што снимил конвој возила на Министерството за внатрешни работи на автопатот кон Белград. За вечерва е најавен нов протест.

https://twitter.com/anon_serbien/status/1280872265102569472

Пред самата зграда на Претседателството има многу полицајци во цивил.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денес во обраќањето до граѓаните изјави дека премиерката Ана Брнабиќ и министерот за здравство Златибор Лончар утре ќе ги донесат новите мерки, кои веројатно нема да вклучуваат полициски час.