Видео) Бетмен велиТ – Кој е најглyп за 2021?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денешното издание на емисијата „Бетмен велиТ“ на Инфомакс, Богдан Илиевски го започна со поздрав до сите, освен на оние кои не си поднесуваат оставка од Влада, бидејќи мислат дека се црпнати од нива за да потпишат капитулација со Бугарија.

Денешната емисија беше посветена на една многу тешшка, но благородна задача, да се одбере најидиотската, најглупавата и најневеројатната изјава која сме ја слушнале изминатава година.

Конкуренцијата е сериозно голема, бидејќи ние сме луѓе со големи дела и подвизи,

Честа да ја отвори оваа емисија има кој друг, ако не нашиот, залепен за фотелјата, премиер, кој само неколку часа по огромната трагедија во Бугарија, на едно глупаво прашање, дали трагедијата ќе има влијание на односите меѓу Македонија и Бугарија, одговори како да е на прес конференција по повод работата на комисиите по историја, а не по повод смртта на 45 луѓе изгорени во автобусот на Беса Транс.

„Ние сме заедно и во добро и во лошо, оваа трагедија ќе има позитивно влијание врз односите на двете земји. Тука сме да си помогнеме кога е тешко, сите институции соработуваат, и тоа е пораката и кон двете земји и кон народите на двете земји. Тука сме и да си помогнеме кога е тешко“, изјави тогаш Заев.
Вo мометот кога Заев го дава овој одговор починатите не се ниту извлечени од автобусот, а нивните роднини не се сигурни кој е жив а кој е мртов

Но тоа не го спречува Заев, секогаш кога е на бугарска почва, како во ланското интервју за БГнес да биде исклучително неразумен во своите изјави.

За ниту една трагедија не може да се каже дека ќе има позитивно влијание на било што, не па на односитена две земји, на Бугарија, која го негира идентитетот на втората, односно Македонија.

Што е следно во лудите глави кои го бранеа Заев за оваа изјава. Ако е позитивно влијанието ќе посакаат да имаат почесто некакви трагедии за да се зближиме повеќе како луѓе? Ало, трагедијата може да ги зближи луѓето да надминат одредени несогласувања и разлики и да се здружат на полето на човечноста, но да се каже дека ќе има позитивно влијание, невидена трагедија со 45 задушени и изгорени луѓе е класичен Заевиам на кој ние сме се навикнале да не се шокираме бидејќи тој секогаш може да се надмине самиот себе

Одиме на изјава број 2

Темата е иста, автобуската трагедија, а исклучително глупавата изјава која следи ја дава Владимир пивоваров, Национален координатор за гранично управување. За него, по се изгледа, едни од виновниците за трагедијата се веќе починатите кои не прашувале какви дозволи имал автобусот и компанијата со која се возат.

Прелудо за да е вистинито, но ове е една прелуда земја.

„Точно е, граѓаните се жртви, меѓутоа, конкретнава ситуација, да се вратиме на автобусот. Дали некој од патниците праша, побара, дали ова возило со кое патуваат има интербус дозвола? Верувам дека не. Апсолутно мора да прашаме, пошто, еве, вие одите некаде на екскурзија со ваше семејство. Апсолутно се надлежни институциите, но велам, јас кога би бил во таа ситуација, секако би се интересирал која е овваа агенција. И кога влегувам во такси, барам тоа да е лиценцирано такси, баш од мојата лична безбедност“, изјави Пивоваров.

Единствено нешто кое што мораме да го прашаме е кој те стави тебе за национале координатор за гранино управување и кој претходно те ставил на чело на воено разузнавање. И пазете, уште вели дека тој, кога би бил во позиција на патник, би се интересирал која е оваа агенција со која ќе се вози и ќе оди на екскурзија. А пивоварово, не што не е во позиција на обичен патник, туку е во позиција на национале координатор за гранично управување. И сугурно е во позиција, ако не тој, некој негов соработник, да го регулираат граничното управување. Границите. Оние кои автобусот на Беса транс ги поминал 140 пати без потребните документи.

Но за овој цреп, не е државата кабает што поставила на функции и позиции луѓе акко него, туку луѓето ки изгореа се криви за својата судбина. Ккао што кабелот беше крив во Тетово.

Зa ваша информација, неколку дена по ова што го кажа, Пивоваров сѐ уште е Национален координатор за гранично управување.

Тука се чини и бебињата се криви што не прашуваат какви функционери има во една земја пред да се родат во неа.

Одиmе ма број три. А таму имаме колаж бидејќи сето ова што ќе го чуете е премногу за дас е спои во една единствена изјава.

Авторот на истата се вика Љупчо Зиков и е директор на секторот за финансиски работи и член на управниот одбор на МЕПСО, државната компанија која го управува системот за снабдување со електрична енергија.

Oвој директор, а во слибодно време и аналитичар, реши да покаже амбиција за историски ревизионизам, па го трасираше патот на Македонија кон светлата европска иднина преку реобмислување на националните митови на Македонците.

Цвета од Македонска крвава свадба го варала Спасе со бегот, Илинденската република псотоела бидејќи Турците иле на летен однор, а Македонија во Втората светска војна била толку небитна што не ни ја викнале во Јајце на АВНОЈ.

Одиме по ред

„Знаете што, ние сме заложници на митови низ нашата историја. Ние не можеме да процениме, дека еве на пример Македонска крвава свадба, ние сѐ уште мислиме и веруваме дека бегот ја граббнал Цвета. Ние нејќеме да помислиме дека има некое друго сценарио таа новела. Дека таму може Цвета доброволно да отишла кај бегот. И ние веруваме во тоа како некој ни режирал Македонска крвава свадба во времето на комунизмот, после 1945, тогаш е режирана Македоносна крвава свадба“, изјави Зиков.

Прво, Македонска крвава свадба не е новела, Зиков, второ, не е режирана по 1945, туку е премиерно изведена во 1900година, а не по војната во режија на комунистите. Трето, за да е иронијата најголема, самиот Војдан Чернодрински во предговорот на МАкедонска крвва свадба пишува „Верувам дека поспособните наши писатели ќе се зафата да напишат нешто з нашиот ногу страдален живот и ќе ги раздвижат спокојните лабави струни на македонскиот роб.

Значи, Чернодрински сакал да ги разбуди робовите со оваа драма, а овој цреп вели дека сме робувале на митовите.

Премиерата е изведена под заштита на четите на ВМРО бидејќи бугарската држава сакала да ја забрани. За еден ден, 121 година подоцна, некој си директор во државата чии робови ги будел Чернодриснки, некој си Љупчо Зиков да каже дека сме робувале на митовите. И дека Цвета се пеглала со бегот. Четврто, а ко македонскиот народ низ историјата добоволно одел кај беговите, денес ти ќе лаеше на друг јазик во друга земја. Петто, ако тебе не ти е важно каде живееш, каков јазик зборува[ и каков ти е идентитетот, мене баш ме заболе чоџук ташак за твоето скромноумно ступисдно мислење.

Но кога ова го говори некакво умислено квазиинтелектуално директорче, платео со наши пари, секако е вредно да добие што поголем јавен простор, да знае народ што плаќа. Ако за енергетика не ги бива, и од МЕПСО наравија загубар, ако наплаќаат по 15 денари за ќеса, за да ја штитат животната средина, а пуштаа терно електрана на мазут бидејќи не купија јаглен, ако за ништо не ги бива, барем историја се разбираат.

Понатаму, Зиков, како еден од најсериозните кандидати за најглувапа изјава на годината, изјави дека Крушевката република траела 12 дена, бидејќи тогаш Турците биле на одмор…

„Робуваме на митови, робуваме на митот за Илинденското востание, 12 дена траела Републиката. Имало милион причини како се распаднала Крушевската република на 12тиот ден. Откако се прибрале Турците од по летовање таму и се качиле горе и ја угасиле републиката, нормално. 12 дена им требало во тоа време да стигнат“, рече тој.

Да биле сите како тебе во тоа време, 12 секунди ќе траела републиката, не 12 дена, бидејќи сам ќе си ја укинел за да не ги нервираш Османлиите.

А државата на која е директор, и зема плата, е формирана на темелот на Илинденскта република.

Зиков не го поштеди ни она пред АСНОМ и борбата на македонските паатизани.

„Уште нешто, робуваме на митовите за Јајце, прашање е дали Македонија била поканета 1943 за второто заседание на АВНОј, а ние учиме низ историскитечитанки дека тргнале, не стигнале поради лошото време. Значи, имате митови, со кој Македонецот мора да се соочи. ВИе не можете да живеете како сардини во конзерва, и да чекате кога ќе ве отворат и тогаш да го видите светлото на дено. Значи вие, ако сакате, ако сакаме полна интеграција со европските народи, ние мораме да видиме што од нас се бара, конкретно, да видиме што треба ние како листа да исполниме, да си ги решиме нашите проблеми, нашите заблуди, со коишто живееме со векови, и таква Македонија да направиме“, ерече Зиков.

Она што ги кочи Македонците, како што рече Трендо, не се митовите и симболичното, туку неказнетиот апашлук, фушерајот, и говнарската поданичка логика, по која можеби ќе замирисаш по европски ако се посереш на се што е твое.

И ниту еден збор одвишок не е потребен за да се опише и попише лиикот и делото на Љупчо Зиков, авторот на еден од најголемите кокуренти за најглупава изјава во 2021. Во многу сериозна конкуренција.

Одиме понатаму.

Следниот кандидат ни доаѓа директно од ѓепек и се вика Кастриот Реџепи, човекот кој реѓши да пресече за европската иднина на МАкедонија, бидејќи примаше јаки сигналли дека само што не сме влегле во ЕУ

„И срцето и уот ми велат, да Кастриот, некој некогаш мора да биде тој што ќе пресече во корист на иднината, овој пат,, тоа си ти. Денеска, како никогаш порано, е најизвесно дека во декември ќе добиеме датум. Да дадеме шанса, толку сме блиску, толку има јасни сигнали..“, изјави Кастриот Реџепи

ВО продолжение следи „послаткиот“ дел од изјавата на Кастриот

„Една од информациите за колку е агажирањето сериозно е еден ден сопругата ми вели, дали го слушна претседателот Макрон за неговите изјави. ВИе знаете дека он дал инструкции, во сите амбасади в Брисел и во другите земји да се работи максимално за да се добие датумот и да се надмине проблемото со Бугарија. “

Така одлучува човек да пресече за евроспакта иднина, ќе ти каже сопругата што гледала на телевизија и ти ќе се самокиднапираш и ќе пресечеш.

Продолжуваме со еден исклучок од овој жанр. Не се работи за изјава од човек, туку за насловна страна на еден неделник, кој сериозно претендира во категоријата најглупава изјава со најновото издание и најновата насловна страна. Таму се спружени ликовите на идниот бугарски премиер Кирил Петков и избраникот на Заев за наследник на СДСМ и ово владата, Димитар Ковачевски. И текстот под нивната фотомонтажа е следниот

„Дали децата од Харвард ќе го европеизираат Балканот“

И додека Кирил навистина дипломирал на ХАрвард и бил мегу најдобрите 10% од својата генерација, за Димитар Ковачевски, кој завршил некои три месечен онлајн курс на Харвард, може да се каже дека е дете на Зaев, но дека е харвардовец, со три месечен онлајн курс е изјава која припаѓа во цртаните филмови за најпознатиот зајак Душко Долгоушко.

Следната изјава не е особено глупава, туку е нелогична, чудна, и најавува нверојатно нов национален дебакл и ги оцртува најдобро глупавите односи кои постојат во власта во Македонија.

Авторот е Артан Груби, кој зборуваше за човекот кој никако д си даде оставка од владата Зоран Заев и за спорот со Бугарија

Сметаме дека господинот Зоран Заев е неопходен на чело на Владата во овој транзиторен период за да се решат овие прашања посебно во поглед на решавање на спорот Бугарија“, изјави Груби.

Првиот вицепремиер, како што му ја измислија таа титула на Груби, вели дека Заев, иако призна дека му се поразени политиките, и дека е време да замине и од СДСМ, и од владата, речиси да не смеел да си замине додека не го решел спорот со Бугарија. А да се помисли дека така ќе им помине ново нацинално прдавство, и дека црпнатоито месија ќе се одјаави од политиката со некаков нов антимакедонски потпис на некакво ново решение со Бугарија е во најмала рака глупаво.

И за крај, на ова прво издание за најглупи изјави годинава во Македонија, најтазе материјал, со кој Бетмен сака да си обнови едно старо пријателство со еден човек кој не пропушта прилика во јавни настани да морализира.

Станува збор за пратеникот Павле Богоевски кој синоќа во емисија го изнафали владеењето на Зaев како владеењето во кое ..

„Да псотои начин на управување со државните институции којшто е карактеристичен за Зоран ЗАев. Ама никако не моќжеме да правиме паралела помеѓу повој начин наа управување и тоа шт беше Груевски. Државите се разликуваат по тоа, дали ја гонат корупцијата, и дали ја помагаат и поддржуваат. Фактот е дека имаме најголем број на високи државни службеници којшто се изнесени пред судови и коишто одговараа за ссвоите постапки за злоуотреба на власта“, изјавi Богоев

Пајо си го фали својот шеф и Заевизмот бидејќи имало најголем број на високи државни счлужбеници кои биле изнесени пред судови и одговарале за своите постапку. И ова е кажано од пратеникот кој за скандалот наречен полче заврши само со оставка од пратеничката функција и никакво гледање на судови.

Видеото можете да го погледнете ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This