(Видео) „Бетмен велиТ“ – Тази дупка е… дупка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денешното издание на „Бетмен велиТ“ на Инфомакс, Богдан Илиевски го посвети на преговорите, односно ветото од Бугарија преку мала анализа на она што е или што не е ставено на маса во разговорите со источниот сосед, како и дијаметрално спротивните изјави на премиерот и претседателот на Македонија, кои никако да се согласат за што се преговара со пријателскиот сосед.

Претседателот на државата спротивно на тврдењата на Заев, дека за идентитетот не се разговарало, вели дека добрите соседи и овојпат настапиле со ултиматум, ако нема договор за јазикот и за нацијата нема зелено светло за преговори со Европската унија. Односно идентитетот бил на маса.

„Бугарите настапувале со својата стара една агенда која ја знаеме, јазикот пред ’44, нацијата пред ’44. Бугарите рекле ако нема договор за овие точки, овие две за јазикот и за нацијата, не можеме да дадеме зелено светло“, вели Пендаровски.

Ова значи дека се зборувало за идентитетот, јазикот, историјата, или ајде да кажеме дека Бугарите зборувале за тоа, а нашите можеби молчеле, или не сакале да зборуваат, кометира Бетмен.

„Постои впечаток на целата наша делегација, предводена од премиерот од тие разговори, на крајот на тој ден дека дури и да да било најдено некаквво компромисно решение за јазикот и за нацијата, и да било најдено, и да сме направиле компромис, бидејќи немаат парламент и немаат Влада, повторно резултатот, исходот би бил ист, бидејќи бугарската страна во овој момент нема ниту една функционална институција освен претседателот“, вели Пендаровски.

Значи, не разговарале, ама имале впечаток дека дури и да разговараат немало кој тоа да го верификува во Бугарија. Ќе рекле Бугарите, аа Македонци, па вие се самоукинувате како нација, ама извињавајте, немаме Влада, ште причакате да се самоукинете кога ќе имаме влада. Генијално. Значи, како вели Заев, за идентитетото не се разговара, туку веројатно се има впечаток што би било кога ќе се разговара.
„Добро бе претседателе, бива ли вака да ни прават блиски луѓе. Да не речам луѓе со кои државата, односно вие градите љубовни односи. Се секавате ли на оние среќни денови на љубов? Како нежно му се обрати, не знам што понежно кажа, дали она љубави, или те поздрави Зоки. Бојко пак, како да не го разбра баш и на „те поздрави Зоки“ си одговори, много добре“, потсети Бетмен,.

Епа, возљубените соседи сепак инсистирале на идентитетски масакар, а фраериве размислувале на темата и само си споделувале впечатоци. Впрочем ние никогаш не сме тргувале со идентитетот освен што претседателот на државата јавно вели што:

„Значи неспорна историска вистина е, сите што имаат малку сознанија од тој историски период е дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин“, вечи Пендаровски во едно свое интервју.

„И како бе вака претседателе, нели не зборуваме за идентитетот? Или идентитетот на апостолот на македонската национална борба не не тангира? И добро што вие предлагате?, прашува Бетмен.

„Во ред, неспорна историска вистина е дека се изјаснувал како Бугарин во тој историски во тој историски контекст, како што е неспорна историска вистина и факт дека се борел за македонска држава. Еве ви ја формулацијата, потпишете ја и дајдте да не ствараме проблем таму кај што не треба да има“, додава Пендарвсоки во истото интервју.

Одлично, да пишеме дека првиот херој спомнат во македонската химна не бил Македонец. Како до сега никој не се сетил на ваккво нешто.

Оваа изјава на Пендаровски ја поздрави поранешниот бугарски премиер кој истакна дека македонскиот претседател е првиот северномакедонски политичар кој кажал како навистина стојат работите.

„Северно македонскиот претседател беше првиот македонски…северно македонски политичар кој кажа какви се работите на вистина. Гоце Делчев е Бугарин, којотишол да се бори за слободата и автоноијата на Македонија“, изјви Борисов.

Ете, секогаш сме знаеле големи идеи да промовираме. Честитки претседателе. Ќе речев македонски, но, љубави ви кажа што сте ако се откажете од Гоце Делчев.

Но мала утеха пред десетина дена даде веројатно најдобриот познавач на историјата на Македонија, професорот Зоран Заев. Тој сепак ја увери јавноста дека идентитеотот бил надвор од разговорите со Бугарија и тоа му го потврдил самиот претседател Румен Радев

„Дефинитивно, кое што денеска нешто е констатирано, македонскиот јазик, македонскиот идентитет се надвор од разговорите и тоа го потврдува и бугарскиот претседател и сѐ“, Изјави Заев.

Но како што не дал Господ, мора да се провери дали Заев ја говори вистината.

„Крајно вреmе е да се пронајде политичко решениекое е ги утврди сите принципи на добрососедството на добри взаемни односи, на почитување на историјата, почитта кон нашиот идентитет и јазик. Се разбира тоа пред сѐ, е одговорност на земјата кандидат за влез во Европската унија“ , го демантира Радев нашиот професор Заев.

Досега утврдивме дека не се разговара за идентитетот, но дека идентитеот е на масарта за разговори. Потоа утврдивме дека нашиот претседател го инспирира бугарскиот екс премиер да не нарекува северно македонци. Потоа утврдивме дека или Заев не го разбрал Радев, или го разбрал, но малку нѐ подлажнува.

Може ли барем да се договорат меѓу себе Заев и Пендаровски дали според нив имаме или немаме заедничка историја со Бугарија, и што тоа значи.

„Клучниот израз употребен во тој билатерален документ е споделена историја, не заедничка историја. Ако инсистираме дека до 44та е заедничка историја, или читај бугарска историја, само, немаме за што да преговараме.“, вели Пендаровски

Значи, според Пендаровски ние немаме заедничка историја, туку споделена историја, но премиерот Заев има поинаков став.

„Оти ние немаме споделена историја, немаме ни вкрстена историја, ние имаме заедничка историја, и тоа е заедничка, и таа историја, од неа се создале и македонскиот народ и бугарскиот народ, и македонскиот јазик и бугарскиот јазик“, тврди Заев.

И луѓе кои лажат во секоја можна прилика….Освен, можеби не лажат кога велат дека успеале да ги натераат и Бугарите нда не признаат како реалност.

„Од денеска, дури и од Бугарија е прифатено македонски јазик и македонски идентитет како реалност, и тоа е кажано во јавни изјави од сите поранешни политичари и сегашни политичари, и тука нема никакви разлики, вели Заев.
Оваа изјава веднаш ја демантираше поранешната бугарска министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева.

„Така што, како шо ние ја признавме реалноста, така и тие треба да ја признаат историјата. Тоа е многу едноставно“ вели екс министерката..

Значи реалност е дека признале дека постоиме, дека ние сме живи и се нарекуваме Македонци, но ние мора да ја признаеме историјата за да нема вето, а според нив е дека нас не измислил Тито во 1944 години. Кога тоа ќе го направиме ќе добиеме датум. Ете не добивме сеге, но кога ќе можеме да ја имаме таа чест да се самоукинеме благодарение на договорот за дорососедство што го потпишавте вие, коментира Бетмен.

„Тоа можеме да го направиме во септември, во октомври, во декември, оваа година. така да важно е граѓаните да ја знаат реалноста затоа што навистина не сме далеку ниту проблемот е нешто посебен. Јас често кажувам дека е смешен проблем“, вели Заев

Да да роблемот не е посебен, дури бил и смешен. Пресмешно е дека ниту знаете што зборувате ниту знаете што зборувате, ниту зборувате исто дајцата ноту зборувате исто сам по сам во разлиќни прилики. Смешно е, пресмешно, најсмешно.

Како во вицот, отишол некој од нашиве добри соседи од Исток во зоолошка и видел жирафа. Ја гледал ја гледа, ја гледал едно 15 минути, и на крај рекол, таква работа не може да постое..

Видеото можете да го погледнете тука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This