(Видео) Бетмен велиТ- Топ Листа Надветоиста

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Добровечер на сите освен на оние коишто добија датум за света и блескава иднина, ја започна денешната емисија Богдан Илиевски – Бетмен, додавајќи дека во оваа епизода ќе придонесе силно за говорот на омраза кон одредени бугарски политичари кои го негираат нашиот идентитет.

„Тоа ќе го сторам со цензурирање на ова обраќање, за да не сфатат сериозно и европски“, велиТ Бетмен.

На нивните отворени уцени и негирањето на нашиот идентитет нема да одговориме со навреди, туку со ценузурирани навреди. Што се човек нема да стори за подобрување на европскиот амбиент во Македонија.

Како што кастриот Реџепи се самокиднапираше за доброто на Македонија, јас ќе се самоцензурирам, велиТ Бетмен.

Да, потсетиме Кастриот се саможртвуваше на почетокот на ноември, кога внатрешниот глас му говорел да пресече за иднината на татковината, па се засолнил бидејќи и срцето и умот му велеле:
„Да, Кастриот, некој мора да биде тој што е пресече во корист на иднината, овој пат, тоа си ти…Денеска, како никогаш порано е најизвесно дека во декември ќе добиеме датум“, изјави тогаш Реџепи.

Но датумот остана во авиончето.

Ова е прво вето откако имаме нов претседател на СДСМ, и нов мандатар на владата која е сега зајакната со нови пратеници со што станува јака како бетон, исто како идентитетот.

А мнозинството беше зајакнато откако Алтернатива се придружи кон власта, а за возврат побара 50 фотелји за себе, а сето тоа беше продадено како европски птег, битка за стабилност на земјата. Саможртва за иднината на татковината. Демек, без директори од Алтернатива, земјава ќе биде нестабилна.

Ако СДСМ и ДУИ не се зачуваат на власт, ќе се распадне Македонија како нестабилен ураниум, Европа ќе прокрвари, светот ќе заплаче…

Но за среќа имаме одговорни политичари, не само во новата влада, туку и чело на државата.

„Одговорниот“ Стево Пендаровски, на денот кога се најавуваше ставот за датумот отиде во мнногу важна посета на Косово, и од Приштина одговараше на новинарските прашања за бугарското вето.

Пендаровски изјави дека му е прифатлив новиот предлог на бугарскиот премиер, историјата да не е единственото нешто на маса меѓу Македонија и Бугарија, или како што го нарече, модерен пристап. Тоа не значи дека историјата нема да е на маса, туку дека додека се пазариме со неа, успат и ќе зборуваме до каде е пругата кон Софија..

Бугарскиот претседател Радев пак, од Брисел, изрази благодарност до европските лидери бидејќи конечно сфатиле каде е проблемот и не го ставиле проширувањето на Европската унија на дневен ред.

Покрај пругата, туризмот и разни рпразни муабети кои ќе се водат ради реда, Радев создаде уште една тема, која ќе треба да биде прифатлива за Пендаровски.

Така е кога Пендаровски, замина за Косово во оној критичен момент, место да замине во Брисел каде што беше и Радев и да му врати на неговите изјави во негов стил со „како си љубави“.

Бугарите, со овој нов маневар, барањето за нови комисии, нема да го тргнат ветото, туку напротив, покрај историската ќе имаме и комиси за транспорт, еконимија, туризам. Само ќе демонстрираат пред светот дека се конструктивни и за соработка.

Демек, конструктивни сме, за се сработуваме одлично, ама ова историјата сѐ уште е проблем.

Ова ќе е муабетот на следното вето, и на тоа по него, и тоа по него, освен ако не се самоукинеме со прифаќање дека сме биле ист народ пред 45 година, согласно она што го потпиша Заев во договорот со Борисов.

Но тоа не е причина мува да го полази Стево, кој наместо во Брисел, бараше датум во Приштина, па дури и им вети помош во нивната евроинтеграција.

Позитивните сигнали од Бугарија, се сепак вето. Ама не обично, туку модерно вето, прогресивно, убаво, како што доликува на прогресот на владеачката партија.

Владеачката партија пак, и покрај сѐ, не смета дека е време за избори, туку време за одговорност.

Прво, кога шефот на партијата поднесува оставка поради драматичен пораз на неговиот лик дело и политики, значи дека е изгубен кредибилитетот на партијата и дека е време за избори. Ставот дека не е време за избори, всушност значи дека не е време да си ги нашиштат фотелјите. А правдањето дека тоа било преземање одговорност е исклучително глупо, бидејќи преземање одговорност би значело заминување од власт, бидејќи народот ви кажал дека не ве сака.

Најголемите Европјани, пак, кои им ја зачуваа фотелјата на СДСМ и ДУИ, изјавија дека им било кажано дека датум најверојатно ќе добиеме во јануари…

Кој тоа им кажал, да не е Кастриот Реџепи, кој имаше јасни сигнали?

Тој кој им кажал дека ќе добиеме датум во јануари сигурно е Бујар Османи, кој изјави дека можно е да добиеме датум во јануари

„Почеток на преговорите може да се случи денеска, може да се случи во да се слиучи во јануаери. Е се зошто се прават овие калкулации можно е јануари, февруари, тешко е март, или пак јуни после изборниот процес? Во најлошо можно сценарио, ако добиеме во јуни, може да бидеме денот кога ќе се започнат преговорите, пости и јунски и јулски совет….“, изјави Османи во телевизиско гостување.

Значи ако не е јануари, може февруари, тешко дека ќе е во март и април, ама може да е јуни или јули…ама ако не е јуни, јули или август кога се на плажа сите, може и во септември. Дотогаш мирна глава..

А ако не ни дадат датум, тогаш ниту СДСМ, ниту ДУИ ниту Алтернатива, нема да сакаат да бидат дел од власта, барем така изјави пратеникот Скендер Реџепи од Алтернатива

СДСМ и ДУИ нема да сакаат да се дел од власта ако немало датум? Па вие и сега седнавте во фотелјите и рековте датум ќе има во декември…

Поверојатно е дека ќе пронајдеме нафта во Крушево отколку дека ќе се одделите од фотелјите затоа што нема датум…

Да се вратиме на Бугарија

Ангел Џамбаски упати видео до новиот премиер на Бугарија, во кое му порача дека нема да дозволи да ја промени позицијата во однос на Македонија.

Џамбаски инаку беше во колаиција со владата со која Заев потпиша договор за добрососедство….
Дајте му на човекот датум за психијатриска евалуација…

Туку, не само што немаме датум за преговори, туку немаме ниту датум за оставката на премиерот, која никако да дојде.
Заев изјави дека одлуката за оставката ќе ја донесе следната недела, бидејќи сега во тк се преговири кадровски, владини, ..
Но зошто тие преговори ги води Заев, кога партијата има нов претседател, а владата ќе има нов мандатар?

Неспособен ли е Ковачевски сам да ги води, или таков е договот, Зоќе да работи, тој да собира слава…

Не е фер, на толку труд се избори за уште едно вето од Бугарија, а датум очекува во јануари или слично…

Или ако што објасни Османи, јануари или февруари, можеби јуни, а сличен на него е јули, или септември, или слично…

Со овие луѓе може секој месец да славиме нова година… или слично….

Радев вели дека ќе има вето ако не се почитува Договорот кој Зоќе го потпиша, а новата влада вели дека ќе има вето ако не си го смениме идентитетот, но притоа ќе си зборуваме и за пругата, и за ланскиот снег, или слично…

Заев истакна дека се договорил со новиот премиер на Бугарија, Кирил Петков, дека за шест месеци треба да се реши нашиот идентитет, а дотогагш ќе стварале амбиент за тоа преку формирање на куп комисии кои немаат никаква врска со македонските аспираии за евроинтеграција, туку имаат врска со стратегијата на Бугарија да се покаже како конструктивна во сите комисии, па кога ќе остане само историската комисија, па ќе ни лупаат вето ако не се согласиме пред светот. Нема да се тие кочничари, бидејќи во сите други комисии на кои им се радува Зоќе како мало дете тие покажале конструктивност. Само во една не, историската. И тогаш, погодете кој ќе биде крив…

Сепак, Заев не смета дека треба да има нови збори, бидејќи, мнозинството е унапредено, зголемено и освежено, со новите 50тина функции на Алијанса кои им ги грајат фотејлите на СДСМ и ДУИ.

Единствено ново освежување е со сметките за електричната енергија, бидеќи владата ги исуши езерата преку летото, не ислпланира колку јаглен ни треба за зимата, и сега купува струја како да сме рокфелери, а есапот од нивната политика ќе го плаќаме сите, не само преку сметките за струја, туку и преку покачените цени на сите продукти, затоа што тие се за Европа, па мора да се во влада, на фотелјите, па струјата што ја трошат на состаноци за да смислуваат вакви глупости им ја плаќаме пак ние…
Вистинско освежување…

Со оглед на тоа дека Заев тврди дека сите негови одлуки, на крајот на денот, се за повисок стандард на граѓаните, тогаш, ако струјата поскапи, а стандардот на граѓаните опадне, значи ли тоа дека џабе се носеле „големи“ политчки одлуки?

Тешко прашање..

Еве едно лесно

Дали во СДСМ владее Ковачевски, или е само пион на Зоран Заев?

Заев, на прашање одговори дека поднел оставка и од партиската и од премиерската функција, нешто што, како што изјави тој, било реткост на Балканот и во Еропа

Но изгледа, пак му ги крое политиките и владниот кабинет на наследникот. А тоа дека ова било редок потег, заслужува уште една Нобелова награда

Видеото можете да го погледнете ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This