дома Свет (Видео) Бизaрнo: Вoјниците пред Ким Јонг Ун со врат виткaат желeзни шипки...

(Видео) Бизaрнo: Вoјниците пред Ким Јонг Ун со врат виткaат желeзни шипки и кршат цигли со голи раце

Cевернокорејските медиуми навеле дека на непријателите сакале да им покажат дека нивните војници имаат “железни раце за заштита на мирот во земјата”.

Севернокорејските државни медиуми објавиле снимки од војници кои ги покажуваат своите борбени вештини и способноста да кршат разни предмети со голи раце.

Демонстрацијата на вежбите била одржана на одбранбена изложба во Пјонгјанг, а ја гледале највисоките службеници заедно со Ким Јонг Ун.

Освен што уништувале цигли и плочки, војниците лежеле и на кревети со парчиња стакло. На крајот биле прикажани мажи кои виткаат железни шипки со врат.

Севернокорејските медиуми навеле дека на непријателите сакале да им покажат дека нивните војници имаат “железни раце за заштита на мирот во земјата”.