дома Македонија (Видео) БРАВО МОМЦИ: Сити Парк Бојс скандираа ,,Никогаш Северна, Само Македонија”, навивачите...

(Видео) БРАВО МОМЦИ: Сити Парк Бојс скандираа ,,Никогаш Северна, Само Македонија”, навивачите на Работнички се горди Македонци

После навивачките групи ,,Комити” и ,,Војводи” и навивачите на Работнички ,,Cити Парк Бојс” се приклучија на иницијативата ,,Никогаш Северна, само Македонија”. Имено скандирањето на оваа парола беше забележано во текот на пречекот на Европскиот шампион РК Вардар од страна на навивачката група Комити како и од страна на сите верни фанови на Вардар. На прославата присуствуваше и навивачката група Војводи од Тетово кои исто така порачаа дека се горди Македонци.

Сега на иницијативата се приклучуваат и навивачите на Работнички, Сити Парк Бојс кој како што се гледа на видеото на трибините порачаа ,,Никога Северна, само Македонија”. Македонските навивачки групи очигледно никогаш не биле посплотени и пообединети како што се во моментов во однос на ова национално прашање.