March 29, 2024, 11:27 am

(Видео) Брнабиќ: Во вojна сме со мaфијaта, кланот на Беливук бил посилен од Земунскиот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, на денешната вонредна прес-конференција зборуваше и за случајот со неодамна уапсениот Вељко Беливук, односно за луѓето од државниот врв кои му помагаа.

Според неа, кланот бил увезен од Црна Гора во Србија, и дека групата на Беливук била посилна од Земунскиот клан. Таа истакна дека акцијата за апсење на бандата е најголема по „Сабја“ во која беа разбиени „Земунците“ и била спроведувана со месеци и навреме, оти ако не било така кланот можеби ќе извршел злосторство какво што беше убиството на поранешниот премиер Зоран Ѓинџиќ.

-Мислам дека е очигледно дека во целиот овој процес, некој што работел за државата, работел и за мафијата. Претседателот јасно стави до знаење дека имаме такви сомнежи и дека не смеат да се толерираат. И тогаш започна истрагата. Мафијата имаше некој во државните структури – во Министерството за внатрешни работи и можеби во некои други структури на државната безбедност. Сега го истражуваме сето тоа, рече Брнабиќ.

Таа потенцира дека кој не ја заврши својата работа ќе биде строго санкциониран, бидејќи ниту една мафија не може да биде посилна од државата.

-Кога ги имавме првите информации, претседателот објави војна против мафијата. Никој не се криеше. Веднаш штом ги имавме информациите, дадовме зелено светло да ја започнеме оваа борба, а резултатот беше падот на кланот, рече премиерката.

Таа рече дека се уште се плаши за безбедноста на претседателот Александар Вучиќ зошто е природно тој да е загрозен бидејќи евиден како фигура која обезбедува стабилност на државата, политичка и економска па поради тоа постојат многу луѓе во земјата и во странство на кого не му одговара стабилн и силна Србија.

На новинарско прашање дали има нови информации во случајот Беливук, премиерката кратко потврди, но истакна дека во овој момент не може да каже повеќе за тоа, бидејќи истрагата продолжува.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This