дома Балкан (Видео) Брнабиќ ја прими првата вакцина во Србија

(Видео) Брнабиќ ја прими првата вакцина во Србија

И додека македонските власти ги извисија граѓаните за вакцинација против коронавирусот и не се знае кога и од каде ќе стигнат првите пратки во соседна Србија денеска започна вакцинирањето на населението.

Први се вакцинираа премиерката Ана Брнабиќ како и министерката за труд и социјална политика Дарија Кисиќ Тепавчевиќ.

По нив денеска во 11 часот започнува вакцинацијата во старските домови ширум земјата.