дома Македонија (Видео) БУГАРИЈА СО ПОФАЛБИ ЗА МАЛЕСКИ: Не само што сме биле, туку...

(Видео) БУГАРИЈА СО ПОФАЛБИ ЗА МАЛЕСКИ: Не само што сме биле, туку и продолжуваме како еден народ, вели Каракачанов

Ако услов за почнување преговори со Европската унија е откажување од македонскиот јазик, тогаш такви преговори не треба ни да почнат, смета првиот човек на македонскиот тим на мешовитата комисија, Драги Ѓоргиев за Канал 5.

Тврдењето на професорот Денко Малески дека Гоце Делчев и Крсте Петков Мисирков се Бугари со одобрување но и со зајадливи коментари. Во првиот официјален став во софија се наведува пофалба до професорот Малески за кој буграскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов вели дека Малески „ научно откритие “ со признавањето на идентитетот на Делчев и Мисирков. Дополнително, Каракачанов навестува нова провокација со најавата дека бугарите и македонците бидат еден народ како во минатото.

„Јас, се разбира, сметам дека не само што сме биле туку и продолжуваме да бидеме еден народ – макар и на сила разделени. И не само тоа, верувам дека не е далечен денот кога повторно ќе бидеме заедно , и дека таму каде што течело повторно ќе тече“ – пишува Каракачанов.

Историчарот Драги Ѓоргиев, претседател на македонскиот тим експерти во заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања вели дека македонскиот јазик е реалност и ниту бил ниту ќе биде тема на разговор во ранботата на комсијата.. Ѓорѓиев појаснува дека секојдневните тензии од Бугарска страна не се во полза на надминување на односите истите само допринесуваат за кревање на гардот со црвена линија кон провокациите. Според Ѓоршиев, доколку условот за започнување на преговори на Македонија со ЕУ е откажување од македонскиот јазик тогаш сметам дека такви преговори не ни треба да зпаочнат.

Според професорот Нано Ружин, од самото конституирање на независноста на земјава постоеле низа реперкуси на Балканот кои само ја оптоварувале државата. Според него, оваа најава з анова криз асо Бугарија ќе биде надмината бидејќи според него не е со иста тежина како со Грција. Професорот додава дека не смее да се прифати било какво претопување на македонскиот идентитет бидејќи тоа е понижувачко.

Во последниот статус, Каракачанов се осврнува и на претците на министерката Шеќеринска и на екс премиерот Груевски, за чии баба, односно дедо вели дека биле меѓу најценетите Бугари во Штип, Поради како што посочува, нивната безрезервна посветеност кон Бугарштината во Македонија. За коментар побаравме, но не успеавме да добиеме став од Кабинетот или од самата вицепремиерка Шеќеринска.