(Видео) Буpа во Грција: Училиштата зaтвoрени, летовите прeнасoчени порaди силнoто нeврeме

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сите основни и средни училишта на грчките острови Крф и Паксос во Јонското море денеска се затворени, додека четири лета за Крф морале да бидат пренасочени, а неколку возења со траект откажани, поради временските непогоди кои ги зафатиле западните делови на Грција.

Службата за цивилна заштита пратила СМС пораки до жителите на островите Крф и Паксос, кои се многу популарни меѓу туристите, во кои ги повикува да го ограничат движењето во подрачјата кои може да бидат поплавени, пренесува “Катимерини”.

Директорот на Службата за цивилна авијација на Крф, Димитрис Русос рекол дека поради слабата видливост два авиони на летови од Атина морале да се вратат во престолнината, како и дека еден авион од Неапол слетал во Атина, а авион од Варшава во Первеза на западот на земјата.

Некои места на Крф поради бурата останале без струја.

Траект линиите од Закинтос и Кефалонија се суспендирани поради силниот ветер.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This