April 25, 2024, 11:00 am

(Видео) Бeceн бик влeтaл вo кyќa и нaпpaвил хaoc – пoвpeдeни нeкoлкy лицa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Четири лица биле повредени кога бесен бик, откако се сретнал со друг бик и имале кратка пресметка, влетал во куќа и ги избркал мажите кои едвај се спасиле.

Никој не би поверувал во приказна доколку целиот настан не бил снимен од безбедносните камери.

Споменатиот настан, како што забележуваат и камерите, се случил во Фазлика, округот Абохар во сојузната држава Пенџаб, на 8-ми јули оваа година во раните утрински часови, кога двајца бикови се сретнале на улица и започнала борба. Сепак, едно од животните одлучило да се повлече од борбата, но потерата на помоќното животно го приднудило да бара спас ни помалку ни повеќе туку во една куќа каде што биле работниците.

Безбедносната камера убаво го покажува моментот на упадот на бикот, кога луѓето почнале да бараат спас. Се испоставило дека има работници кои едвај останале живи.

Едната група побегнала надвор, други се обиделе да побараат засолниште зад вратата.

Епилогот на целата приказна, според извештаите на медиумите, е дека четири лица се полесно повредени.

Бикот, се разбира, излегол кога главниот ривал заминал и улицата била чиста, така што бикот што влетал можел да продолжи со својата мирна прошетка.

Патем, колку и да изгледа смешна приказната, воопшто не е така. Имено, низ цела Индија, голем број граѓани се мачени од залутани бикови, кои предизвикуваат проблеми и напаѓаат луѓе.

Така „Трибјун Индија“ го наведува случајот од април оваа година кога бик убил еден млад човек. Минатата година камерите снимиле случај на бик како гази мало момче, кое одело по улица со својот брат. За среќа, браќата поминале со полесни повреди и се спасиле од лудиот бик што залутал.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This