дома Актуелно (Видео) Бopбата не е за Европска туку постевропска Македонија: „Teшки мyaбети“ –...

(Видео) Бopбата не е за Европска туку постевропска Македонија: „Teшки мyaбети“ – спopoт со Бугapија е да ce бидe или нe зa Maкедонците

Во вчерашното издание на „Тешки муабети“ гостуваше претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски кои навлезе во суштината на проблемот со Бугарија и бугарските позиции за кои истакна дека се истите оние на фашистичка Бугарија за време на втората светска војна. За лидерот на опозициската ГРОМ прашањето со Бугарија е да се биде или не за македонскиот народ, а борбата не е за Европска Македонија, туку за постевропска Македонија.

-Не треба да бидеме воопшто наивни, имаме тектонско поместување на статешката позиција на нас како Македонци кога успеавме после еден милениум да формираме своја држава сега доаѓаме во ситуација да бидеме целосно ставени под знак прашање. Во овој момент не е битката за Европска Македонија туку е битка за постевропска Македонија. Како што било наполеоново царство и нестанало, била и римска империја и нестанала , била отоманска империја беше СССР па и тој се изгуби и замина во историјата. Исто така и Европската Унија еден ден ќе биде историја и сега е битката за во моментот кога ќе се растури ЕУ тогаш ние Македонците сме без идентитет, без јазик и тогаш значи дека ќе настане ново прекројување на границите на Балканот со што најмногу доаѓа во опасност доаѓаме ние Македонците. Односно престои прекројување на Македонија и нејзина поделба на два дела. Колку денеска жилаво ќе се одбраниме од овие атаци на бугарската официјална политика која не е ниту за милиментар поместена од онаа живковистичка политика после 1950 година, таа практично и денеска продоложува. И вие кога ќе видите во суштина барањата кои ги имаат и тезите кои што ги вадат Бугарите се истите тези кои што ги имале 41, 42 и 43 година, вели Јакимовски.