дома Македонија (Видео) Бopбaтa пpoтив poдoвoтo нacилcтвo ja oбoи Вила Водно вo пopтoкaлoвo

(Видео) Бopбaтa пpoтив poдoвoтo нacилcтвo ja oбoи Вила Водно вo пopтoкaлoвo

Претседателот Стево Пендаровски се вклучи во глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“ на Обединетите Нации, чија цел е подигање на свеста за заштита и спречување на насилство врз жени и девојчиња и родово базираното насилство.

Пендаровски во пораката истакна дека е нужно секој од нас да има нулта толеранција на сите форми на родово базирано насилство, во секоја сфера – во семејствата, во училиштата, во институциите, на работните места, на интернет, во медиумите, на јавните простори.

Сè поголемиот број на жени и деца, жртви на семејно и родово базирано насилство во текот на пандемијата, е последниот сигнал дека е потребен побрз одговор од институциите, сеопфатна стратегија и поддршка на жртвите на насилство.

Истовремено, должни сме како луѓе, насилството да го пријавиме и да им помогнеме на жртвите. И не само денеска, на Меѓународниот Ден за борба против насилство врз жените и девојчињата и родово базирано насилство или во следните #16ДенаАктивизам.

Против насилството заеднички треба да се бориме секој ден! – порача Пендаровски.

Во знак на поддршка на кампањата, „Вила Водно“ е осветлена во портокалова боја.