дома Актуелно (Видео) Бpyка – Кога еднаш ќе избегаш после…: Кастриот Реџепи побегна од...

(Видео) Бpyка – Кога еднаш ќе избегаш после…: Кастриот Реџепи побегна од екипата на Лајм по прашањето за бугарското вето

Пратеникот Кастриот Реџепи, иако ја потпиша опозициската иницијатива за недоверба на Владата, не се појави на собраниската седница да гласа.

Поради оваа причина, тој беше исклучен од неговата матична партија, Движењето Беса, кое постапката на Кастриот Реџепи ја нарече предавство.

Во честите настапи пред медиумите за да ја оправда својата постапка, Реџепи изрази уверување дека Македонија на 14 декември ќе добие датум за преговори со ЕУ.

Но, сега кога земјава не го доби датумот, тој ги избегнува медиумите. Екипата на весникот ЛАЈМ се сретнала со пратеникот Реџепи во кафеана во Скопје и се обидела да добие став како ќе постапи сега кога земјава не успеала да добие датум, но тој го избегнал новинарот со образложение дека имал средба. Во меѓувреме, Реџепи продолжува да го обезбедуваат полициски службеници.