(Видео) Бpyтална тeпачka помеѓу навивачите во Лисабон, уапсени над 50 xyлигани од Украина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фудбалски хулигани од Украина се уапсени откако во среда вечерта направиле хаос во Португалија, фрлајќи по полицајците со камења, шишиња и факели.
Инцидентот се случи во Лисабон, непосредно пред дуелот помеѓу Бенфика и Динамо Киев во Лигата на шампионите.
Полицијата уапси дури 54 Украинци.

Португалскиот клуб триумфираше во нокаут фазата од Лигата на шампионите, додека украинскиот тим оваа сезона го заврши учеството во Европа.

На мечот му претходеше судир меѓу навивачите на Бенфика и Динамо во близина на стадионот „Да Луз“, а како што соопшти полицијата, најверојатно тоа било однапред договорено.
Португалските медиуми наведуваат дека е повреден еден полицаец, заедно со 13 навивачи и дека се уапсени вкупно 54 лица, за кои се верува дека се жестоки навивачи од Киев.
„Од приведените, 13 се здобиле со повреди кои морале да бидат санирани, а еден полицаец е повреден, но не потешко. Во моментот на интервенцијата кон полицијата беа фрлани камења, заедно со шишиња и факели, за што беше потребна употреба на сила за да се запре конфликтот“, соопшти полицискиот оддел во Лисабон.

Се додава дека полицајците испукале 17 куршуми во воздух, а потоа ги уапсиле навивачите.
Вреди да се потсетиме дека ова не е првпат навивачите на Киев Динамо од погрешни причини да се најдат во фокусот на медиумската јавност.

Тие беа обвинети дека нападнале гостински навивачи на Ливерпул кои седеле во кафуле во 2018 година, по што објавиле слика на која се фалат со одземено знаме и го покажуваат превртеното тело на крвавиот од кого го украле.
Во август истата година беа обвинети дека ги нападнале навивачите на Ајакс кои гостувале во Киев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This