дома Спорт (Видео) Веднаш се покаја: Навивач на Јунајтед утрово пaлеше дрес на Роналдо,...

(Видео) Веднаш се покаја: Навивач на Јунајтед утрово пaлеше дрес на Роналдо, сега се кае

Еден навивач на Манчестер јунајтед денеска на потешкиот начин научи лекција дека нешто додека дефинитивно не е готово, не значи дека е готово. Неговата избрзана реакција стана хит, и овој навивач е прогласен за губитник на денот, бидејќи испадна дека за џабе го запали дресот на Кристијано Роналдо, на кого му беше лут што ќе оди во Манчестер сити.

Во текот на денот се случи голем пресврт, и наместо во Сити како што се зборуваше, Португалецот се врати во Јунајтед. Сега овој навивач сигурно многу се кае, но барем за утеха, неговиот миленик повторно ќе го носи дресот на Црвените ѓаволи.