(Видео) Витанов: Заев едно кажува, а друго прави затоа што спроведува туѓа агенда

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во днешното гостување во „Прашањето ми е следно“ Зоран Витанов поранешниот пратеник, заменик министер за финансии и бизнисмен потсети на изјавата на Заев со која тој дојде на власт, а поради која Витнов ја изгубил вербата во него.

„Заев доби гласови со следната реченица, Додека дишам и додекка ме држи памет, нема никогаш ERGA OMNES да сменам име со промена на Устав. И верувам дека не постои Македонец и македнски политичар којшто додека го држи паметот ќе го смени Уставот во унтерес на промена на име. И тоа е многу логична реченица. Зошто, оти ние имавме политички консензус во однос на тоа прашање. И тоа е така, додека дишеш, и додека имаш национален консензус, не го прекршуваш. Оти дефиниција за предавство е прекршување на национален консензус, нагласи Витанов.

Витанов, со оглед на тоа дека Заев изјавата ја прекрши веднаш по избрите, заклучи дека или премиерот веќе не го држи паметот, или одработува за туѓа агенда.

„Заев уште дише и му посакувам да дише уште долго, но веројатно не го држи паметот, или да кажеме најразумно и најтрезевно, не е негова агендата. Затоа он едно кажува пред, а потоа прави друго. Очигледно спроведува туѓа агенда ти верувам дека паметот го држи. Премиер ни е. Кога човек спроведува туѓа агенда која што е антимакедонска, а антимакедонска е затоа што скрши консензус..“, вели Витанов.

Тој додаде дека народот беше наивен што не веруваше дека постојат странски агенди кои работат на укинување на македонскиот народ и култура, со оглед на тоа дека полека се излегува на виделина.

„Наивни бевме, не верувавме за грчката агенда и бугарската. Јас сѐ уште сум наивен за тиранската платформа, ама испаѓа дека и тиранска. Сѐ уште сум наивен за Србите, ама веројатно, Македонија е идеална за компромис со Косово. Но не е македонска. И овде кога зборувам за македонска, не зборувам зсамо за национална македонска, туку и државотворна и уставотворна македонска. АСНОМско македонска“, нагласи тој.

„Прашањето ми е следно“ со Зоран Витанов, 26.03.2021

„Прашањето ми е следно“ со Зоран Витанов, 26.03.2021

Posted by infomax.mk on Friday, March 26, 2021

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This